Connect with us

Култура

МНТ го објави репертоарот за ноември и декември

Македонскиот народен театар го објави репертоарот за ноември и декември, со избор на претстави од актуелниот репертоар, нови сценски продукции и содржини наменети за различни генерации публика.

Ноемвриската програма ја одбележуваат претпремиерата и премиерата на новата претстава „Црно злато“, закажани за 26 и 27 ноември, со почеток во 20.00 часот. На репертоарот се и „Страв и надеж“, „Не се клади на Енглези“, „Марта Верина“, „Кец на десетка“, „Торонто експрес“, „Бели ноќи“ и „Широк дијафазон“. Програмата вклучува и повеќе изведби на „Златно славејче“, како и претставата за најмладата публика „Лефти и Рајти си најдоа дом“.

Во декември продолжуваат изведбите на „Црно злато“, заедно со претставите „Мој термин“, „Народен пратеник“, „12“, „Кец на десетка“, „Три сестри“, „Марта Верина“, „Животот е прекрасен“, „Торонто експрес“, „Бели ноќи“ и „Страв и надеж“, како и музичко-сценските содржини од програмата на МНТ.

Со разновидниот репертоар, Македонскиот народен театар продолжува да ѝ нуди на публиката можност да проследи различни театарски жанрови.

Билетите се достапни онлајн преку официјалната веб-страница на МНТ, www.mnt.mk, како и на билетарницата на театарот, која работи секој работен ден од 13.00 часот.

РЕПЕРТОАР ЗА НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ

2.11 • Страв и надеж • 20:00

5.11 • Страв и надеж • 22. Меѓународен фестивал на актерот – Никшиќ

9.11 • Не се клади на Енглези • 20:00

10 и 11.11. Kao Какао • 20:00

13.11 • Златно славејче

14.11 • Златно славејче

16.11 • Златно славејче

17.11 • Златно славејче

17.11 • Марта Верина • 20:00

18.11 • Кец на десетка • 20:00

19.11 • Торонто експрес • 20:00

20.11 • Златно славејче

20.11 • Бели ноќи • 20:00

21.11 • Златно славејче

26.11 • Црно злато • Претпремиера • 20:00

27.11 • Црно злато • Премиера • 20:00

28.11 • Лефти и Рајти си најдоа дом • 12:00 и 17:00

30.11 • Широк дијафазон • 20:00

1.12 • Црно злато • 20:00

2.12 • Мој термин • 20:00

4.12 • Црно злато • 20:00

9.12 • Народен пратеник • 20:00

11 и 12.12 • Kao Какао • 20:00

16.12 • 12 • 20:00

17.12 • 12 • 20:00

14.12 • Страв и надеж • 20:00

18.12 • Кец на десетка • 20:00

19.12 • Три сестри • 20:00

21.12 • Марта Верина • 20:00

22.12 • Народен пратеник • 20:00

23.12 • Животот е прекрасен • 20:00

24.12 • Торонто експрес • 20:00

25.12 • Три сестри • 20:00

26.12 • Бели ноќи • 20:00

29.12 • Црно злато • 20:00

Ad
Ad