Свет
Путин: Русија ги поддржува сите чекори за обновување на односите со Европа
Русија ги поддржува сите чекори насочени кон обновување на односите со европските држави – изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, коментирајќи ги телефонските разговори со финскиот претседател Александер Стуб и со норвешкиот премиер Јонас Гар Стере.
Сепак, рускиот претседател истакна дека Русија е подготвена и за евентуална војна со Европа, иако не сака таков конфликт, предупредувајќи дека, доколку тензиите ескалираат премногу, во евентуалната пресметка нема да има победници.
Путин, исто така, нагласи дека Москва не сака во Балтичкото Море да се создаде ситуација слична на онаа во Ормуската Теснина.
октомври 30, 2026


