Фудбал
Удинезе го отпушти Руњајиќ и го назначи Паоло Занети за нов тренер
Калчолигашот Удинезе го објави назначувањето на Паоло Занети за свој нов главен тренер. Договорот на 43-годишниот Италијанец важи до 30 јуни 2027 година.
Назначувањето дојде само неколку часа по отпуштањето на 55-годишниот Германец Коста Руњајиќ.
Занети, кој беше без ангажман од февруари 2026 година откако беше отпуштен од Верона, го презема Удинезе, кој е на 19. место во Серија А со пет бода по 10 натпревари.
Клубот објави дека Занети ќе го одржи својот прв тренинг денес, а неговата промоција ја закажа за утре (4 ноември).
Тренерската кариера на Занети вклучуваше и престои во Емполи, Венеција, Асколи и Јудтирол.
Руњајиќ го предводеше Удинезе од 2024 година.
ноември 4, 2026

