Connect with us

Свет

Авион од Лондон принудно слета на аеродромот „Модлин“ во Варшава поради закана од бомба

 Аеродромот „Модлин“ во Варшава е затворен откако авион од Лондон принудно слета поради закана од поставена бомба, соопштија аеродромските власти.

Авионот сообраќал од Лондон до аеродромот „Шопен“ во Варшава.

Полските безбедносни сили ја истражуваат заканата.

Авион на „Виз Ер“ што леташе од Лондон до Софија вчера принудно слета во Будимпешта по закана за поставена бомба. По проверката не е пронајден експлозив.

Ad
Ad