Забава
Автобус удрил во камила која избегала од пасиште во Германија, животното поминало неповредено
Полицијата вчера соопшти дека автобус удрил во камила која избегала од оградено пасиште и се нашла на патот во Ридеринг, југоисточно од Минхен, по што поминала без повреди.
Во соопштението се наведува дека три камили во саботата наутро избегале од ограденото пасиште и излегле на патот, а околу 8 часот автобус удрил во една од нив, по што, без повреди била вратена на сопствениците.
Материјалната штета се проценува на околу 500 евра, со скршено предното ветробранско стакло и оштетен страничен ретровизор.
„Камилите најверојатно успеале да избегаат бидејќи електричната ограда околу пасиштето не била правилно поставена“, информираше полицијата.
ноември 9, 2026


