Connect with us

Свет

Анкета: Повеќе од половината Германци се за продолжување на поддршката за Украина

Околу 54 проценти од Германците изјавиле дека сакаат да продолжи поддршката од Берлин за Украина, а приближно 29 отсто истакнале дека сакаат поблиски односи со Русија, покажуваат денеска објавените резултати на најновата анкета.

Поделбата во општеството се продлабочува и кога станува збор за ставовите кон Русија. Во претходната анкета 13,7 отсто од испитаниците искажале проруски став, додека сега процентот изнесува 17,3.

Според анкетата, 65,1 отсто од испитаниците веруваат дека, генерално, можностите за странците да имигрираат во Германија треба да бидат ограничени. Таквиот став е речиси непроменет од минатата година, кога изнесуваше 67 проценти.

Промена е забележана во ставовите кон имиграцијата на квалификувани работници. Според резултатите, 56 отсто од Германците поддржуваат олеснување на условите за имиграција за странски квалификувани работници, додека 27 проценти се изјасниле против. Една година претходно, 61 отсто беа за, а 23 проценти беа против.

Анкетата опфати 2.785 лица над 18 години и беше спроведена во март оваа година од Барометар за поларизација од Форумот Меркатор за миграција и демократија (МИДЕМ) на Техничкиот универзитет во Дрезден.

Ad
Ad