Вести
Средба на премиерот Мицкоски со новата британска амбасадорка Сивањанам: Обединетото Кралство е значаен партнер на Македонија
Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со новата амбасадорка на Обединетото Кралство во Македонија, Маја Сивањанам.
– На средбата ја истакнавме важноста на долгогодишните пријателски односи и стратешкото партнерство меѓу двете земји, како и потребата од нивно натамошно унапредување преку продлабочување на соработката во областите од заеднички интерес – наведува премиерот во објавата на својот фејсбук-профил.
Мицкоски наведува дека Обединетото Кралство е значаен партнер на Македонија, а континуираниот дијалог и заемната поддршка се важна основа за градење посилни билатерални односи и нови можности за соработка.
ноември 10, 2026


