Вести
Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“: СДСМ со Филипче се бетонира во петта партија во Скопје, четврта во Куманово и Брвеница
Во врска со изборниот резултат на раководството на СДСМ во Општина Брвеница, Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ го соопштуваат следното:
После скандалите со Ива Михајлова и Артан Груби, кои се случија за време на предизборната кампања, раководството на СДСМ имаше реална можност да направи пресврт. Но, наместо на терен вистински да се бори против власта Венко Филипче секојдневно измислува нови лаги. Срамно е што уште еднаш ја почести оваа крајно неспособна гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ. Сите останати се борат да победат само Филипче и фракцијата слават и кога губат. Четвртото место на СДСМ во Брвеница е директна одговорност на ова раководство на партијата. Другарот Јовица Радески беше доведен пред свршен чин откако претходно неколку истакнати членови не прифатиле кандидатура. Тие не сакале да дозволат во вториот круг некој зад нивен грб да им ги пазари гласовите. Земајќи ги предвид сите околности, ја користиме оваа прилика да му честитаме на Радески за неговиот достоинствен настап во предизборната кампања.
Жалиме што СДСМ во Брвеница има повеќе гласови само од двајца независни кандидати што е уште една потврда во каква агонија е партијата со ова дезориентирано раководство. Не постои поголемо понижување за историјата на СДСМ од нивниот очај дека освоиле 225 гласа повеќе во споредба со 2025, а во исто време го премолчуваат фактот дека кандидатот има 57 гласа помалку од гласовите што ги освои советничката листа на СДСМ пред една година. Се потврди уште еднаш дека ова раководство на СДСМ е соизвршител во највалканиот политички дил во историјата. Венко Филипче е полномошникот кој единствено има овластување да го држи СДСМ во заложништво и така да му испорача на ВМРО-ДПМНЕ уште една победа на парламентарни избори во замена за слобода. Го повикуваме на следната седница на Централниот Одбор да одговори на прашањата:
· Колку анкети направени за потребите на раководството на СДСМ покажуваат дека партијата во изборната единица 6 веќе не може да се надева на ниту еден пратенички мандат?
· Кој и зошто повторно ја актуелизира идејата за влез на ова раководство на СДСМ во Владата на Христијан Мицкоски?
· Уште што треба да му се случи на СДСМ за тој и неговата фракција да разберат дека треба веднаш и без одлагање да ја напуштат „Бихаќка“?
Пред да стане предоцна Венко Филипче треба уште еднаш да го прочита и без обиди за пазарење конечно да го прифати нашиот план за структурни реформи во СДСМ. Доколку уште не ги разбира пораките на гласачите може да му ги објасни неговиот врховен политички авторитет.
октомври 19, 2026

