Сцена
Селена Гомез: Електронските цигари ми го променија гласот
Американската глумица и пејачка, Селена Гомез откри дека користењето електронски цигари ѝ го променило гласот, пренесува списанието „Пипл (People)“.
– Нема да можам да го променам својот глас. Порано користев многу електронски цигари со никотин. Многу е тешко да се откажеш од никотинот, па само ќе кажам: Ако поминувате низ ова, или дури размислувате да почнете да користите електронски цигари – едноставно, не вреди, сподели латиноамериканската пејачка во објава на „Инстаграм“ вчера. – Тоа е толку глупаво. Ми го промени гласот, повтори таа, додавајќи низ смеа: – Па, ако не ви се допаѓа како звучи мојот глас, целосно ве разбирам. Не ми е грижа. Едноставно, не ме слушајте.
Таа натаму истакна и дека откажувањето од никотинот се покажало како навистина тешко.
– Само се надевам дека ќе успеам ако продолжам вака… Ако минувате низ нешто слично, и вие можете да успеете, додаде Гомез.
Најновата нејзина објава доаѓа по претходни коментари и гласини за промените во нејзиниот глас и начинот на којшто зборува низ годините. Уште во декември, пејачката одговори на прашање од обожавател во врска со нејзиниот глас за време на Инстаграм-пренос во живо.
– Неколкупати го добивам ова прашање – во врска со мојот глас. Понекогаш, се случуваат работи. Понекогаш, грлото ми отекува однатре. Тоа е сè!, рече тогаш таа.
октомври 19, 2026

