Connect with us

Општини

Охрид со богата програма ќе го одбележи 23 Октомври

Со повеќе културни настани, Општина Охрид ќе го одбележи 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, празник што го симболизира стремежот за слобода, самостојност и национално достоинство.

„Од идејата што ја разбуди националната свест, преку борбата што ја испиша историјата, до независноста што ја живееме денес – патот кон слободата останува трајна вредност“, порачуваат од Општина Охрид.

Програмата започнува утре со промоција на петтата книга од ученичката поетска збирка „Тие доаѓаат“, што ќе се одржи во галеријата на НУ Центар за култура „Григор Прличев“, со почеток во 11:30 часот.

Свечената академија под наслов „Од идеја до независност“ е закажана за 22 октомври, со почеток во 19 часот, на малата сцена при НУ Центар за култура „Григор Прличев“. Предвидени се обраќање на претставник од Општина Охрид и културно-уметничка програма.

На самиот празник, 23 Октомври, во 11 часот ќе биде положено цвеќе пред спомен-обележјата на охридските револуционери во Градскиот парк.

Одбележувањето ќе биде заокружено истиот ден во 19 часот со промоција на книгата „Калдрма“ од м-р Никола Митровиќ-Бабе.

Ad
Ad