Кошарка
Шарлот ќе потпише нов петгодишен договор со Милер вреден 209 милиони долари
Кошаркарот на Шарлот, Брендон Милер, се согласил на нов договор, објави инсајдерот Шамс Чаранија.
Дваесет и тригодишниот Американец ќе потпише нов петгодишен договор од 209 милиони долари.
Минатата сезона, Милер одигра 67 натпревари во регуларната сезона во НБА, со просек од 20,1 поен, 4,9 скока, 3,3 асистенции и една украдена топка по натпревар. Шарлот го избра напаѓачот како втор пик на НБА драфтот во 2023 година.
НБА сезоната 2026-27 започнува вечер, а Шарлот својот прв настап ќе го има в четврток на гости против Бруклин
октомври 21, 2026


