Connect with us

Свет

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море

НАТО денеска соопшти дека ќе го зголеми надзорот во регионот на Црното Море поради воздушните напади врз бродовите.

Амбасадорите на НАТО на денешниот состанок во Северноатлантскиот совет разговара за безбедноста во Црното Море.

– НАТО веќе ги зајакна своите капацитети по должината на источниот дел, вклучително и арсеналот за борба против беспилотни летала. Испраќаме дополнителни сили и средства во регионот, вклучително и за надзор, разузнавање и форензика, објави портпаролката на НАТО, Алисон Харт на платформата Икс.

Ad
Ad