Општини
Нов современ анестезиолошки апарат во Специјализираната болница за нефрологија – Струга
Специјализираната болница за нефрологија – Струга го стави во функција новиот современ анестезиолошки апарат, наменет за потребите на Одделот за анестезија и реанимација при Уролошкото одделение, набавен со сопствени средтства.
Целта, како што информира директорот на установата, Јетмир Зиба, е континуирано унапредување на здравствените услуги и подобрување на условите за лекување.
– Оваа инвестиција претставува значаен чекор кон модернизација на Болницата, унапредување на работните процеси и создавање подобри услови за изведување и на посложени оперативни зафати. Придобивките од оваа набавка ќе ги почувствуваат пациентите од Струга и целиот регион, преку подобрени услови за работа, современа медицинска поддршка и унапредување на квалитетот и безбедноста на здравствената услуга, истакна Зиба.
Набавката на новата опрема, додаде, претставува дополнителен поттик за медицинскиот персонал, кој секојдневно работи посветено и професионално во интерес на пациентите.
– Нашата цел останува јасна, континуирано да инвестираме во современа медицинска опрема, да ги унапредуваме условите за работа и да обезбедиме поквалитетна и посигурна здравствена заштита за сите граѓани. Продолжуваме со посветена работа, конкретни чекори и инвестиции во иднината на нашата болница, посочи Зиба
октомври 22, 2026

