Општини
За два дена два големи пожари на диви депонии во Струмичко
По завчерашниот голем пожар на дивата депонија во село Еднокуќево, Општина Босилово, каде гореше земјоделски отпад и чадот се чувствуваше и во околината на Струмица, вчера голем пожар изгаснаа струмичките пожарникари на дива депонија меѓу селата Дабиле и Петралинци.
-Пожарите на дивите депонии претставуваат сериозна опасност за животната средина и квалитетот на воздухот, поради чадот и штетните материи што се ослободуваат при согорувањето на отпадот. Апелираме до граѓаните да не создаваат диви депонии и да не палат отпад, бидејќи последиците од ваквите пожари можат да бидат сериозни и долготрајни, се наведува во информацијата од ТППЕ Струмица.
Струмичките пожарникари посочуваат дека пожарите на депониите не претставуваат само опасност од ширење на огнот, туку предизвикуваат и загадување на воздухот со чад и непријатна миризба што се шират и до околните населени места, а пожарот на депонија не завршува секогаш кога пламенот ќе се изгасне. Тлеењето во длабочината на отпадот може повторно да го активира огнот и да бара долготрајни интервенции.
Инаку, вчера Општина Босилово изврши расчистување и потрупување со механизација на дивата депонија кај селото Еднокуќево.
октомври 22, 2026


