Connect with us

Хроника

Приведени двајца дрвокрадци во прилепско и крушевско, пронајдени се и одземени нежигосани дрва

Двајца мажи на возраст од 57 и 69 години биле лишени од слобода во одделни полициски акции во Житоше и Белушино, откако кај нив биле пронајдени нежигосани огревни дрва.

Според информациите од МВР, вчера во 14:30 часот во селото Житоше, општина Долнени, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го лишиле од слобода В.С. (57) од истото село.

Тој бил затекнат на местото викано „Надводеница“ со приколка натоварена со нежигосани огревни дрва.

Неколку часа подоцна, во 16:20 часот, во селото Белушино, Крушевско, полициските службеници го лишиле од слобода и С.Б. (69) од селото. При преглед на тракторот со крушевски регистарски ознаки, кој го управувал, биле пронајдени и одземени нежигосани дрва и моторна пила.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на двата случаи против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Ad
Ad