Вести
Средба на Муцунски со специјалниот пратеник на унгарското МНР за Западен Балкан, амбасадорот Клеин: Заложба за продолжување на партнерството
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западен Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.
Како што соопшти МНТиНТ, на средбата било изразено задоволство од континуираниот развој на односите и одличната соработка меѓу двете земји, кои во 2025 година беа издигнати на ниво на стратешка соработка меѓу двете влади. Притоа, била потврдена заедничката заложба за натамошно продлабочување на партнерството во областите од заемен интерес.
-Посебен акцент беше ставен на важноста од кредибилен и динамичен процес на проширување на Европската Унија, како значаен поттик за стабилноста, реформите и развојот на Западен Балкан. Во таа насока, беше изразено очекување за продолжување на унгарската поддршка на европската перспектива на регионот, наведуваат од Министерството.
Соговорниците размениле мислења и за актуелните состојби на Западен Балкан, при што ја нагласиле заедничката заложба за зачувување и унапредување на мирот, безбедноста и стабилноста во регионот, особено во контекст на актуелните глобални и безбедносни предизвици, стои во соопштението.
октомври 30, 2026


