Connect with us

Хроника

На ГП Делчево приведен романски државјанин, кај него е пронајдена дрога

На Граничниот премин Делчево, на влез во државата, полициски службеници лишиле од слобода 38-годишен романски државјанин, кај кого биле пронајдени марихуана и ЛСД.

Како што информираат од МВР, синоќа, во 23:30 часот, полициски службеници од ГП Делчево при Регионалниот центар за гранични работи Исток го лишиле од слобода П.Л.О. (38) од Романија.

При преглед на неговиот багаж биле пронајдени и одземени две тегли со марихуана и ЛСД.

Лицето било задржано во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ad
Ad