Connect with us

Хроника

64 годишен жител од Светиниколско фатен како пали стрништа

 Жител од селото Мустафино во општина Свети Николе вчера е затекнат како пали стрништа, односно остатоците по жетвата на житните култури.

Во крими билтенот на СВР-Штип се наведува дека на 30.10.2026 во 12:00 часот во село Мустафино, Светиниколско, полициски службеници од ОВР-Свети Николе забележале пожар од нива, при што на местото го затекнале 64-годишниот С.Б. од селото кој на местата кои не можел да ги изора на нивата која била сопственост на негов братучед, ги палел стрништата.

Пожарот бил локализиран. Од СВР-Штип информираат и дека е известен  јавен обвинител и бил извршен и увид на лице место.

Ad
Ad