Connect with us

Вести

Супервештачење на судскиот процес поврзан за изградбата на тетовскиот театар и библиотека, завршни зборови на 4 декември

Судскиот процес по обвинителниот акт поврзан за изградбата на тетовскиот театар и библиотека во Тетово, денес продолжи со сведочењата на вештите лица, а следното рочиште е закажано за 4 декември, кога обвинителството и одбраната треба да ги изнесат своите завршни зборови.

Денешното рочиште се фокусираше на презентирање на наодите од двајца експерти – економскиот супервештак Наташа Лазова и градежниот вештак Гена Стојановска. Ова супервештачење беше побарано од судот, откако претходно беа сослушани стручни лица предложени и од двете страни во постапката.

Обвинети се Сејди Шасивари, сопственик и управител на обвинетото правно лице од Тетово Урбан План Констракшн, Хаки Фазлиу, тогашен директор на Националната установа – Центар за култура „Иљо Антески-Смок“ – Тетово, Артан Арслани претседател на Комисијата за јавни набавки, а потоа и в.д. директор на Центарот за култура, како и Бајрам Муча, како главен надзорен инженер во правно лице ангажирано како надзорен орган при спроведување на договорот за јавна набавка од 2015 – 2020 година.

На почетокот на судењето на 25 ноември 2025 година, обвинетите истакнаа дека не се чувствуваат виновни.

Според Обвинителството, првообвинетиот Шасивари и второобвинетото правно лице сториле продолжено кривично дело – Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство од чл. 275-в од Кривичниот законик. Обвинетите Фазлиу и Арслани сториле продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување, додека обвинетиот Муча сторил продолжено кривично дело кривично дело Несовесно работење во службата.

Ad
Ad