Connect with us

Фудбал

ПМФЛ: Гостинска победа на Башкими над Шкендија А.

Во воведниот натпревар од 14. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Башкими попладнево на гостувањето во Скопје ја совлада Шкендија Арачиново со 1-0. 

Голот вреден три бодови за кумановскиот прволигаш го постигна капитенот Мурати  во 64 минута.

Актуелниот шампион Вардар утре го пречекува Тиквеш, додека Скопје е домаќин на Арсими.

Прволигашкото коло ќе биде комплетирано в недела кога лидерот Струга ќе ѝ гостува на Брегалница, додека второпласираната Шкендија ќе го пречека Силекс.

Ad
Ad