Фудбал
Шпанија и Франција во големото четвртфинално дерби во Лигата на нации
Жрепката за четвртфиналето во фудбалската Лига на нации што попладнево беше извлечена во Нион донесе неколку интересни дуели, а во центарот на вниманието ќе биде пресметката меѓу Шпанија и Франција, две репрезентации кои со години се во самиот врв на светскиот и европскиот фудбал.
Бранителот на трофејот Португалија ќе игра против Холандија, додека преостанатите две четвртфинални пресметки се Норвешка – Англија и Белгија – Германија.
Плејоф двојки Лига А/ Лига Б:
Босна и Херцеговина – Данска
Унгарија – Србија
Република Ирска – Хрватска
Словенија – Велс
Плејоф двојки Лига Ц/ Лига Б:
Кипар – Македонија
Естонија – Романија
Фарски Острови – Грузија
Белорусија – Израел.
ноември 21, 2026


