Connect with us

Фудбал

Башкими ја победи Струга во последниот дуел од деветтото прволигашко коло

Башкими попладнево во Куманово ја совлада Струга ТЛ со 2:1. Ова беше последниот натпревар од 9. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Гостите од Струга поведоа со голот на Диако во 26.минута. Ор изедначи во 34-тата, а победата за Башкими ја донесе Мајимона со погодокот во 51.минута.

Струга пропушти шанса со освојување на трите бода да се искачи на врвот на табелата. 

Лидер во поредокот останува Шкендија со 20, бода, Струга и Вардар имаат по 17, Тиквеш е четвтри со 16. Следуваат: Шкендија Арачиново 14, Силекс и Брегалница по 10, Арсими 9, Башкими 7, Скопје 3. 

Ad
Ad