Connect with us

Формула 1

Пол позиција на Верстапен во Сепанг

Возачот на Ред Бул Макс Верстапен ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка за ГН на Бахреин. Тој во квалификациите имаше најбрз круг – 1:35.130 минута и воедно ова за него е 49.та пол позиција во кариерата. Ова е трка за Големата Награда на Бахреин, но се вози во Малезија поради војната на Блискиот Исток.

Второ време постигна возачот на Ферари Луис Хамилтон, а трет е уште еден возач на Ред Бул Исак Хаџар.

Лидерот во генералниот пласман Кими Антонели од Мерцедес ги заврши квалификациите со четврто време.

Антонели е лидер во генералниот пласман со 302 бода, пред Џорџ Расел со 236, а трет е Хамилтон со 199. Кај конструкторите води Мерцедес со 538 бодови, пред Ферари со 378 и Мекларен со 306.

Стартот на трка е утре наутро во 9 часот.