Connect with us

Свет

Американски суд осуди Пакистанец на 27 и пол години затвор за заговор за убиство на Трамп

Американски суд го осуди пакистанскиот државјанин Асиф Мерчант (48) односно 27 години и шест месеци затвор, поради планирање заговор за убиство на американскиот претседател Доналд Трамп и други истакнати американски политичари по налог на Иран, соопшти утрово американското Министерство за правда.

Мерчант во март беше прогласен за виновен од федерална порота за доаѓање во САД со цел да организира политички атентати на американска територија.

Американските обвинители наведоа дека тој се обидел да регрутира соработници за планот што, покрај Трамп, ги опфаќал и тогашниот претседател Џо Бајден и Ники Хејли, која во 2024 година беше републиканска кандидатка за претседател.

Ad
Ad