Connect with us

Свет

Лавров: Зеленски не сака преговори за ставање крај на конфликтот

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не сака преговори за ставање крај на конфликтот и дека во повеќе наврати ги попречувал.

– Можеме да извлечеме само еден заклучок: Зеленски не сака преговори. Тој веќе неколку пати ги попречуваше – вклучително и по средбата во Париз во декември 2019 година, рече Лавров на прес-конференција по деветтата министерска сесија на Стратешкиот дијалог меѓу Русија и Советот за соработка на арапските држави од Персискиот Залив, одржана во Манама, главниот град на Бахреин.

Според него, по средбата во декември 2019 година, била донесена одлука за неопходноста од спроведување на договорите од Минск, но подоцна во Абу Даби се одржала трилатерална средба, која не донела никаков напредок – освен иницијативите предложени од страна на Русија.

Лавров додаде дека е јасно оти Зеленски не бил подготвен да преземе какви било чекори кон исполнување на договорите.

Ad
Ad