Регион
Не успеа уште еден обид за импичмент на Пленковиќ во Саборот
Уште еден обид за импичмент на премиерот Андреј Пленковиќ, инициран од опозицијата, денеска не успеа во хрватскиот парламент.
Парламентарното мнозинство со 79 гласа му даде доверба на Пленковиќ, додека 54 пратеници беа за предлогот на највлијателната опозициска СДП.
На гласањето му претходеа дискусии во кои имаше тешки навреди и препукувања откако Никола Грмоја тврдеше дека владата се држи исклучиво од голи интереси и дека „главниот лик, негативецот, не сака да се симне од сцената“,
Претставничката на ХДЗ, Мајда Буриќ, на пратениците од партијата Мост дека се „политички пробисвети и насилници “ кои јавно се залагаат за тортура и бесење на плоштадите.
Пратеничката на Центар, Маријана Пуљак, потсети дека премиерот постојано се фали дека преживеал импичменти додека во земјата „опасен отпад се закопува во земја, а одговорноста е уште подлабока“.
Причина за импичмент на Пленковиќ и неговата влада беше нелегалното складирање на опасен отпад во Лика, најмногу во Госпиќ.
октомври 21, 2026


