Connect with us

Општини

Министерот Мухамед Хоџа промовира пет модули од проектот „Зелен дигитален пресврт“

Министерот за животна средина и просторно планирање Мухамед Хоџа, денеска, на прес-конференција промовира пет модули од проектот „Зелен дигитален пресврт“, кој претставува нов вредносен систем.

Хоџа посочи дека дигитализацијата не е само софтвер, туку таа е политичка алатка за правда, односно дигитализацијата е сурова транспарентност. 

– Првиот модул е „Зелен пресврт низ дигитализација“. Станува збор за дигитална платформа од која може да се видат сите проекти што ги имплементира Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖПП). Вториот модул „Зелен пресврт низ дигитализација – јадро“, значи внатрешно дигитализирање во МЖПП, односно на архивата и на просторно информативниот систем. Третиот модул „Зелен пресврт низ дигитализација – време“ е во рамките на реформската агенда на Владата, четвртиот модул „Зелен пресврт низ дигитализација – земја“ е дигитална платформа наменета за мапирање на дивите депонии во сите општини, а петтиот модул „Зелен пресврт низ дигитализација – воздух“ се однесува на сите што имаат А-интегрирана еколошка дозвола да ги внесуваат емисиите што ги имаат според критериумите на издадената дозвола – посочи министерот Хоџа.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираа дека сите модули ќе бидат дополнително претставени на посебни прес-конференции.

Ad
Ad