Општини
Охрид: Бесплатни прегледи и проценка на ризикот од мозочен удар во „Св. Еразмо“
Бесплатни прегледи и проценка на ризик-факторите за мозочен удар задутре ќе се вршат Одделението за неврологија во Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.
Отворениот настан, организиран по повод Светскиот ден на мозочниот удар, ќе се одржи од 10 до 13 часот, а посетителите ќе имаат можност и за индивидуални консултации со специјалистите од Одделот за неврологија.
Како што информираат од Болницата, настанот е наменет за сите заинтересирани граѓани, особено за лицата кои преживеале мозочен удар, нивните семејства и блиски, како и за сите што сакаат да се информираат за превенцијата и да се грижат за здравјето на мозокот.
октомври 28, 2026

