Регион
Кошта му ја честиташе победата на Срдановиќ на Студентската листа
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта му ја честиташе победата на Илија Срдановиќ на Студентската листа на вонредните парламентарни избори што се одржаа во неделата.
„Штотуку завршив добар телефонски разговор со Илија Срдановиќ. Му ја честитав изборната победа на Студентската листа“, напиша Кошта на Х.
Тој наведе дека сега приоритет е без одложување да се конституира парламентот и да се формира новата влада, со мирна транзиција и со целосно почитување на изборните резултати.
„Местото на Србија е во Европската Унија. Подготвени сме да го поддржиме нејзиниот европски пат, со јасен фокус на реформите кои ги побара српскиот народ: владеењето на правото, борбата против корупцијата и слободата на медиумите“, додаде претседателот на Европскиот совет.
октомври 28, 2026

