Connect with us

Фудбал

Пулишиќ останува во Милан до 2031

Американскиот напаѓач Кристијан Пулишиќ го продолжи договорот со италијанскиот клуб Милан, до 2031 година, објави вечерва калчолигашот.
Дваесетиосумгодишниот Пулишиќ настапуваше за Борусија Дортмунд и Челзи пред да му се приклучи на Милан во 2023 година. На 141 натпревари за „росонерите“ досега постигна 44 голови, завршувајќи ја сезоната 2024/25 како најдобар стрелец на тимот.
„Милан ми даде сè и тука се чувствувам како дома. Вљубен сум во овој клуб“, изјави американскиот репрезентативец.
Пулишиќ играше на две светски првенства со репрезентацијата на САД и четири пати беше прогласен за американски фудбалер на годината.

Ad
Ad