Фудбал
Поранешниот белгиски репрезентативец Наиголан се соочува со затворска казна
Казна затвор од две години побара денеска Обвинителството во Брисел за поранешниот белгиски фудбалски репрезентативец Раџа Наинголан поради вмешаност со случај на трговија со кокаин, објави весникот „Л’Екип“.
Поранешниот белгиски репрезентативец, кој во клупската кариера настапуваше за Интер, Рома и Каљари, е обвинет за перење пари.
Наинголан беше уапсен кон крајот на јануари во рамки на истрагата и е обвинет дека преку неколку финансиски трансакции и помогнал на криминална организација да испере 105.500 евра, а за возврат му биле исплатени 100.000 евра од братот на белгиски криминалец Ашраф Секаки.
Триесетиосумгодишниот Наинголан, кој има 30 настапи во дресот на Белгија, во моментов настапува за белгискиот второлигаш Патро Ајсден.
октомври 31, 2026


