Свет
Најмалку четворица повредени откако се урна покрив на зграда во Сао Паоло
Четворица луѓе се повредени откако се урна покрив на четирикатна деловна зграда во центарот на Сао Паоло, соопштија властите.
Портпаролот на противпожарната служба изјави дека во зградата, која се урна вчера, во моментот на несреќата се наоѓале 35 луѓе и дека сите се спасени.
Четворицата повредени се префрлени во болница и тие се во стабилна состојба, додаде тој.
Зградата се наоѓа во квартот Брас, традиционален трговски дел од градот, каде што се наоѓаат голем број поевтини трговски центри.
ноември 8, 2026


