Connect with us

Вести

Мицкоски: Владата на СДСМ уште во 2023 година дала согласност за продажба на акции во Стопанска банка АД Битола, денешна Алта банка

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на надзорната расправа во Собранието за Алта банка објави одлука на владата на СДСМ во времето кога премиер беше Димитар Ковачевски, со која се барало влегување во деловни односи со Алта банка. Како членови на Владата, како што посочи Мицкоски, биле половина министри од сегашната пратеничка група на СДСМ.  

Мицкоски на седницата покажа официјална одлука објавена во „Службен весник“ број 123 од 2023 година, со која тогашната влада, предводена од СДСМ, дала согласност за продажба на акции во Стопанска банка АД Битола, денешна Алта банка. Брала влегување во деловни односи со „Алта банка“, а половина од сегашната пратеничка група на СДСМ тогаш како членови на владата донеле таква одлука.

– Мојата теза е следна – дека во 2023 владата на СДСМ и ДУИ донела одлука да го задолжи Државното правобранителство да стапи во комуникација со истото ова лице, Давор Мацура, и со Алта банка Србија и да влезе во деловни односи со Алта банка. Вашата влада, господине Венко Филипче, и на ДУИ, на предлог на министерот на ДУИ, Фатмир Бесими, му наложува на Државното правобранителство да влезе во деловни односи со лицето Давор Мацура, сопственикот на Алта банка Србија, и да ги оттуѓи акциите во сопственост на Македонија, која ги има во банката што ја купува Давор Мацура, односно Алта банка, така што многу пред да дојде Алта банка во Македонија вие како влада воспоставувате деловни односи со ова лице – рече Мицкоски.

Дали, праша Мицкоски, во 2023 година немало руски капитал, немало криминални пари.

– Тоа е мојата контратеза на вашата теза дека ние сме дозволиле, а во суштина вие многу порано сте знаеле и сте ја довеле државата во деловни односи со ова лице и со неговиот капитал – рече, меѓу другото Мицкоски, одговарајќи на прашања на пратениците Венко Филипче и Бојан Стојановски.

За влезот во Црна Гора, тој посети дека таму функционира Алтапеј, платежно друштво, нешто што можеби е позагрижувачки отколку да постои Алта банка. Обраќајќи му се на пратеникот Венко Филипче од СДСМ рече доколку не знае и не сака да им помогне на вработените во Алта банка Битола, на штедачите и доверителите, да остави на тие што знаат и на Владата да најдат решение, за што е оптимист.

– Ова не е политика на стабри вакцини, ниту на наместени модуларни болници, ниту на банкнотирани Еустандард банки. Ова е политика во којашто една држава покажува карактер, се издвојува од сите останати и покажува како знае и умее да се справи со тие кризи кога е тоа тешко. Понатаму дали е Давор Мацура осомничен за перење пари, дали е во притвор, што ќе се случува верувајте воопшто во овој момент не е во мојот  оптика на интерес. Мојот фокус е да се справувам со проблемите со кои се мачат македонските граѓани и да спасам оваа банка да појде во стечај и како таква да биде бреме на една држава – рече Мицкоски.

Банкарскиот систем, потенцира тој, е стабилен што покажуваат многу параметри и се земаат кредити по поволни услови од ЕУ. 

Одговарајќи на прашањата на пратениците, премиерот рече дека австрискиот регулатор дало право на лицето Давор Мацура да се стекне со сопственост на нешто под 10 проценти на Радико банката која што е поранешна ХипоАдријаАлпебанк во Австрија. – Тоа што е казнет е затоа што некоја друга компанија исто така имала ист процент акции и тие ги поврзале како поврзани правни субјекти, што е спротивно на правилата на Европската централна банка. Ниту за руски капитал, ниту за перење пари. А подоцна Алта банка Србија влегува во доверителски односи со Рајфајзен банка Австрија – рече Мицкоски. 

Мицкоски кажа дека најприоритетно за Владата е да се најде нов сопственик на банката и да се реши овој проблем. На прашање на пратеникот Бојан Стојановски дали некој член на СДСМ односно пратеникот Венко Филипче има/л сметка во Алта банка, Мицкоски рече дека бидејќи гледа дека неговото прашање предизвикало „страв, немир, анкзиозност“ кај поединци ќе остави органите на истрагата. – Се надевам дека и Јавното обвинителство ќе влезе и ќе истражи се она за коешто опозоцијата денеска тврди дека е вистина, вклучително и за мене – рече Мицкоски додавајќи дека граѓаните треба да ја знаат вистината.   

Одговарајќи на прашање на пратеникот Борислав Крмов за тоа дали ќе понесе одговорност доколку Алта Банка оди под стечај и како ќе се продава Алта Банка ако нема дозвола од Агенцијата за осигурување на депозити на Србија, Мицкоски истакна дека доколку не ја познава процедурата и начинот на кој што може да се делува за решавање на ситуацијата најдобро е да не одмага со ширење на гласини, туку да се остават луѓето коишто знаат да ја решат работата и банката да добие купец и да продолжи да функционира.

– Поврзано со стечајот мислам дека не ви е позната методологијата и начинот на којшто се делува во периодов согласно закон и согласно Устав. Меѓутоа претпоставувам дека луѓето коишто се викнати од Народната Банка ќе ви дадат одговор, иако јас ја знам процедурата и ова што го тврдите е апсолутно неточно и невистинито. Така што ве молам и вас најљубезно, ако не сакате да помогнете ве молам најљубезно немојте да одмагате. Оставете на тие што знаат и што сакаат да помогнат да ја решат работава и да не оди банката во стечај, туку да си добие купец и купецот понатаму да си ја среди и да си ја управува онака како што купецот мисли дека треба. Се разбира согласно применливото право и закони коишто ги има народната банка и државата – потенцираше Мицкоски.

На прашањето на пратеникот Крмов дека постоеле гласини дека од страна на Владата се препорачувало на македонски институции да депонираат средства во Алта Банка, Мицкоски истакна дека никогаш не би се впуштил во такви авантури и дека надзорната расправа не треба да се базира на гласини туку на факти.

– Што се однесува до гласините, јас пак сум слушнал некои други гласини дека вие како политичка партија сте барале поголема камата за да орочите повеќе пари за да купите деловен простор во Битола, па бидејќи не ви дале поволна каматна стапка во таа банка сте се обиделе во една друга банка и со кредитот кој што сте го земале сте купиле деловен простор на прв спрат, а на приземје сте отвориле кафе бар. Има и такви гласини. Сега да видиме на кои гласини ние ќе веруваме и дали гласините се правилна алатка во политиката или пак гласините преставуваат средство за манипулирање. Затоа јас би го задржал достоинството и нивото на оваа надзорна расправа и би се држел до фактите, а не до гласините, бидејќи ако зборуваме за гласини тогаш ќе ни требаат повеќе вакви надзорни расправи. Затоа подобро да не зборуваме за гласини туку да се држиме до факти. Апсолутно такви факти не постојат. Ниту јас, ниту пак било кој друг има намера на таков начин да се однесува, бидејќи во животот има една клучна лекција што треба да ја научите, да не ги повторувате грешките на тие што веќе тие грешки ги направиле. А такви политичари коишто охрабрувале или охрабруваат ги гледаме не само во регионот, не само кај нас во државата туку малку и пошироко. Така што на памет не ми паѓа да влегувам во било какви авантури од овој тип какви што вие слушате гласини –  нагласи Мицкоски.

 Филипче на надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност го праша премиерот Мицкоски да одговори што му кажал на гувернерот Трајко Славески кога му нареди да дозволи влез на Алта банка во Македонија, а потоа постави и дополнително прашање. Филипче посочи дека Мицкоски не може да се дистанцира од одговорноста за случајот со Алта банка, ниту да тврди дека не знаел за кого станува збор, бидејќи уште една година претходно јавно се зборува за банката и нејзиниот сопственик Давор Мацура.  

Тој го обвини Мицкоски за директна и најголема политичка одговорност за влезот на Алта банка поради начинот на кој таа добила дозвола да купи домашна банка, но и за последиците со кои денес се соочуваат граѓаните. Според него дополнителна одговорност Мицкоски има и поради влијанието врз јавните претпријатија да продаваат акции на банката, како и поради изјавата на гувернерот Трајко Славески, која отвора сериозни прашања за политичкото влијание врз одлуките на Народната банка.

Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека претходната влада предводена од СДС уште во 2023 година дала согласност за продажба на акции во тогашната Стопанска банка АД Битола.

– Сведоци сме на серија политички обвинувања од СДС и пратеникот Венко Филипче, кои настојуваат целокупната одговорност за случувањата со Алта банка да ѝ ја припишат на актуелната Влада. Нешто што можевме да го слушнеме во изминатите 120 секунди. Меѓутоа, постои официјална одлука објавена во „Службен весник“ број 123 од 2023 година, со која тогашната влада предводена од СДС дала согласност за продажба на акции во Стопанска банка АД Битола, денешна Алта банка. Што точно открива одлуката за постапувањето на претходната влада, дали била реализирана продажба врз нејзина основа и по што се разликува од одлуките на сегашната влада во 2026 година – праша Стојановски.

Дополнително, Стојановски го праша премиерот за тоа дали има сознанија за лица од СДСМ или лично Филипче имале средства во Алта банка. 

Прашања поставија и Борислав Крмов од Левицата, Аднан Азизи од „Вреди“ и Весна Бендевска.

Ad
Ad