Вести
Мицкоски: Алта банка нема да банкротира како Еуростандард во времето на СДСМ
Како претседател на Владата и државотворна Влада, државотворен политичар, се разбира, сè ќе сторам да најдам решение за проблемот што се случува во државата и нема да го игнорирам тој проблем, исто како што правев во опозиција кога се случуваше енергетската криза – кога нудев своја помош и поддршка во целиот процес и не седев настрана – истакна претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на надзорната расправа во Собранието за Алта банка.
Премиерот Мицкоски потенцира дека влегува во процес во коо ќе се најде решение и ќе се спасат најпрвин оние вработени што се во самата банка, а потоа и оние доверители што се наоѓаат таму, при што додаде дека банката е ликвидна и Народната банка навремено реагира и по книга.
– Стојам на ставот, не само јас, претпоставувам и сведоците што следуваат, дека оваа банка е апсолутно ликвидна банка, дека нашиот систем има механизми тоа да го одржи стабилно и дека нашиот систем во рамките на функционирањето на оваа банка ја одржал таква каква што е. Механизмите што ги имаат на располагање во Народната банка навремено интервенираа, и според сите познавачи што ги консултирав, сите тие велат дека апсолутно навреме е постапено, како по книга, сè со цел да се спаси ова финансиска институција – нагласи Мицкоски.
Премиерот посочи дека со чекорите што се направени и оние што следуваат се заштитува интересот и на граѓаните и на државата и ќе се дојде до решение во кое оваа банка нема да банкротира како Еуростандард во времето на СДСМ.
– Конечно, на крајот, ќе дојдеме до решение и оваа банка нема да банкротира како што тоа беше случајот со Еуростандард, која банкротира откога неколку дена претходно, министер за финансии, министер во владата на СДСМ и ДУИ, си го подигна својот штеден влог, што претставува нешто скандалозно. Тоа е суштината во овие работи – изјави премиерот Мицкоски.
Во однос на разговорот со гувернерот Трајко Славески, премиерот Мицкоски посочи дека изминатите денови од една политичка партија се шират невистини и тоа се спинува затоа што, нормално, и логично е кога ќе се случи една аквизиција на некоја банка, претседателот на Владата до дознае од Народната банка, да не дознава од медиумите.
– Јас не знам како поинаку тоа би функционирало, освен на тој начин на кој функционира еден систем. Ако не е така, тогаш е стихија, а тогаш имаме навистина проблем. Не би сакал, додека јас сум претседател на Владата, ниедна институција да има проблем. Во кое својство јас ја нудам, продавам или како сè не ме нарекоа. Јас во ниедно својство, имам легитимитет од приближно 450.000 граѓани, кои на последните парламентарни избори ѝ ја дадоа довербата на коалицијата што ја предводам и ако на тоа се додадат гласовите на коалициските партнери, кои ги добија на парламентарните избори, тогаш доаѓаме до бројка која е над 600.000 гласа – потенцира премиерот Мицкоски.
ноември 11, 2026


