Connect with us

Свет

Анализа: Светот се движи кон надминување на температурниот праг од 1,5 степени

Светот се движи кон „неповратно надминување“ на глобалните температурни прагови, што би изложило милијарди луѓе на катастрофалните последици од климатските промени, бидејќи владите предолго го одложуваат намалувањето на емисиите на стакленички гасови, според анализата на организацијата „Climate Action Tracker“ (CAT).

Според податоците од анализата, просечната глобална температура до крајот на векот ќе се зголеми за 2,7 степени Целзиусови во споредба со прединдустрискиот период, што е малку повеќе од минатогодишната проценка од 2,6 степени, објави Гардијан.

Границата од 1,5 степени, за која земјите се согласија пред 10 години, би можела да се надмине за само неколку години.

Ad
Ad