Connect with us

Фудбал

Де ла Фуенте во заштита на Јамал

Селекторот на Шпанија, Луис Де ла Фуенте ги критикуваше некои од медиумите за да го заштити својот репрезентативец Ламин Јамал. Играчот ќе го пропушти дуелот со Чешка во четвртокот, но треба да биде подготвен за последниот натпревар од групата против Англија.

Дел од медиумите напишаа дека Јамал има посебен третман и привилегии кај селекторот Де ла Фуенте.

–  Тоа што најмногу боли се лагите, недостиг на вистина и измислени работи, изјави шпанскиот селектор.

Тој воедно откри дека фудбалерот има болки во коленото и дека тоа е причината за неговото отсуство од првиот дуел со Чешка. Шпанија е прва во групата со максимални 12 бода. 

Ad
Ad