Фудбал
Проблем за Франција, Мбапе не тренира
Капитенот на француската фудбалска репрезентација Килијан Мбапе не тренираше со делот од екипата и се наоѓа на терапија во пресрет на дуелот против Италија од Лигата на нациите. Информацијата ја пренесоа од стручниот штаб на „триколорите“. Во моментов нема дополнителни информации за состојбата на фудбалерот на Реал Мадрид.
Мбапе поради повреда ги пропушти претходните три натпревари на Франција. Тој го постигна победничкиот гол против Турција и брзо потоа го напушти теренот поради болки во левото колено.
Франција по четири одиграни натпревари е лидер во групата, а дуелот со Италија се игра во Милано во четврток.
Последниот натпревар Франција го игра на домашен терен против Турција во недела во Бордо.
ноември 12, 2026


