Connect with us

Вести

Сиљановска-Давкова на свечена вечера кај Макрон во Елисејската палата

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова синоќа присуствуваше на свечена вечера во Елисејската палата во Париз, приредена од претседателот на Француската Република Емануел Макрон, во чест на шефовите на држави и влади кои учествуваа на Парискиот мировен форум.

Како што информира Сиљановска-Давкова во објава на „Фејсбук“, во пријателска атмосфера разговорите од Форумот продолжиле и за време на вечерата, при што биле разгледани дел од темите за кои се дискутирало на Форумот.

„Во пријателски амбиент, разговорите од Форумот продолжија, со осврт на дел од темите за коишто дискутиравме: мирот и геополитиката, животната средина и новите технологии, како и иднината на ЕУ“, наведува претседателката.

Макрон е иницијатор на Парискиот мировен форум, на кој се отвораат прашања поврзани со глобалниот мир, меѓународната соработка и актуелните геополитички предизвици

Ad
Ad