Connect with us

Фудбал

Официјално Ливерпул оштетен и во дуелот со Арсенал

Во тековната сезона во Премиер лигата екипата на Ливерпул има два пораза и двата на домашен терен и на двата има спорни судиски одлуки на штета на „црвените“. Двата пораза се од Арсенал (0:1) и од Манчестер Сити (0:3).

Панел на Премиер лигата за анализа на клучни судиски одлуки оцени дека требало да биде досуден пенал за Ливерпул во дуелот со Арсенал при водство на Арсенал од 1:0. Фудбалерот на Арсенал Јуријен Тимбер го повлече за дрес напаѓачот на Ливерпул, Александер Исак при обид за удар со глава. Исак не дојде до топката, а судијата Енди Медли не покажа на белата точка. ВАР судијата Стујарт Етвел при прегледувањето на снимката не му сугерираше на главниот судија да ја погледне ситуацијата. Во панелот гласале 4:1 дека треба да има пенал за Ливерпул и дополнително со 3:2 дека ВАР морале да реагираат и да го повикаат судијата да ја прегледа снимката.

Ова е уште една одлука на штета на Ливерпул во дерби дуелите од Премиер лигата, а некои сметаат дека и исклучувањето на Рајан Гравенберх со втор жолт картон на дуелот со Манчестер Сити е престрого.

Ad
Ad