Свет
Руски медиуми: Офицер од руската армија загина во ерксплозија на автомобил во Санкт Петербург
Припадник на руската армија загина во експлозија на автомобил во Санкт Петербург, објави локалниот огранок на Истражниот комитет на Русија. Според локалнио медиуми се работи за полковник во руската армија.
Истражителите и полицијата извршиле увид на местото на настанот и се обиделе да „утврдат сите околности“ околу експлозијата, се додава во извештајот.
Според прелиминарните податоци, немало други жртви. Автомобилот експлодирал додека бил во движење.
Од почетокот на војната во Украина во 2022 година, украинските специјални служби ја презедоа одговорноста или беа обвинети за неколку убиства и обиди за убиства во Русија на руски воени офицери и јавни личности кои го поддржуваат конфликтот.
Кон крајот на август, потполковник на ВВС беше убиен на ист начин. Неговата сопруга, која беше покрај него во тој момент, ја преживеа експлозијата и заврши во болница.
ноември 12, 2026


