Свет
Турција обезбеди пакет од 1,6 милијарди долари за финансирање на климатските политики
Турција и Азиската банка за инфраструктурни инвестиции (АБИИ) постигнаа договор за рекорден пакет финансиска поддршка од 1,6 милијарди долари за климатски политики, наменет за поддршка на реформите со кои треба да се привлечат инвестиции неопходни за остварување на климатските цели на земјата, соопшти денеска банката.
Според проценките на АБИИ, на Турција до 2030 година ќе ѝ бидат потребни дополнителни 68 милијарди долари за климатски проекти, а околу половина од таа сума треба да дојде од приватни извори.
Договорот опфаќа реформи во фискалната политика, финансиската регулатива и секторското планирање, со цел да се поддржи спроведувањето на Законот за климата и планот за намалување на емисиите гасови што предизвикуват ефект на стаклена градина.
ноември 12, 2026


