Connect with us

Свет

Дафи: Летовите во САД не се откажани поради странско мешање

Прекинот на летови во САД не се должи на странско мешање, изјави денеска американскиот министер за транспорт Шон Дафи.

Тој додаде дека авионите веќе полетуваат и слетуваат на аеродромите, но влијанието на техничкиот проблем може да се почувствува уште неколку дена.

Директорот на американската Федерална администрација за воздухопловство (ФАА), Брајан Бедфорд наведе дека воздушниот сообраќај во САД треба да се нормализира до утревечер од најлошото нарушување во изминатите 25 години.

Воздушниот простор на САД беше затворен повеќе од четири часа, при што беа откажани 2.000 летови, а стотици други беа одложени.

Претставници на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјавија дека новите технологии имплементирани во системот за контрола на воздушниот сообраќај во земјата ја преоптовариле застарената опрема и предизвикале прекини во комуникациските системи и празнини во радарската покриеност, што довело до прекин на сите летови повеќе од четири часа.

Трамп истакна дека големото нарушување на комуникациските системи што го парализираше американскиот воздушен сообраќај не е резултат на кибернапад.

Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА) досега само двапати го затворила воздушниот простор на САД – по терористичките напади на 11 септември 2001 година и во февруари 2023 година, поради дефект на системот за известување на пилотите

Ad
Ad