Свет
Протести ширум Португалија поради станбената криза
Во 32 португалски градови денеска се одржаа протести, на кои граѓаните побараа итни владини мерки за решавање на станбената криза во земјата.
Протестите ги организираше платформата „Дом за живеење“ (Casa Para Viver) под мотото „Нема да ни го украдат правото на дом“.
Митинзи се одржаа во Лисабон, Порто, Фаро, Портимао, Коимбра, Брага и други градови.
Демонстрантите бараат построга контрола на станарините, поголема заштита на станарите од присилно иселување и да се инвестира во пристапни јавни станови. Исто така побараа и повлекување на предлог-законот за изнајмување на станови, со што се предвидува поголема флексибилност во договорите за изнајмување и би ги забрзале процедурите за иселување.
Платформата „Дом за живеење“, која обединува околу 100 здруженија за домување и локални организации, исто така бара построги правила за договорите за изнајмување, празните имоти, краткорочните туристички изнајмувања и сузбивање на шпекулациите со недвижните имоти.
Протестите во Португалија почнаа по владиниот предлог за измена на законот за закуп на станови. Активистите предупредуваат дека промените би можеле дополнително да ја ослабат заштитата на закупците во време на зголемување на станарините и намалување на достапноста на станови.
Претседателот на Португалија, Антонио Хозе Сегура вчера имаше средна со активистите за домување. Тие го повикаа и премиерот Луис Монтенегро лично да се вклучи во разговорите.
ноември 15, 2026


