Фудбал
Петмина дебитанти на првиот список на Зидан
Новиот селектор на француската фудбалска репрезентација Зинедин Зидан го објави денеска првиот список откако ја презеде должноста, а меѓу 23. повикани играчи за претстојните натпревари во Лигата на нации има петмина дебитанти.
Повик во националниот дрес прв пат добија напаѓачот на Рен, Естебан Лапо, дефанзивецот на Ливерпул, Жереми Жаке, играчот од средниот ред на Комо, Лукас Да Куња, Енди Диув од Интер, како и голманот на Тулуз, Гијом Рест.
„Ова се играчите кои заслужуваат да бидат тука и кои сакам да ги видам. Сите ќе бидат вклучени“, рече Зидан.
Во француската репрезентација се враќа фудбалерот на Борнмут, Адриен Труфер, кој одигра само еден натпревар за Франција пред четири години.
Зидан ги изостави искусните Карим Бензема (38) и Нголо Канте (35) од списокот, објаснувајќи дека сака да им даде шанса на помладите играчи.
Франција на 25 септември ѝ гостува на Турција, три денови подоцна ќе ја пречека Белгија, додека на 2 октомври ќе биде домаќин на Италија пред реваншот на 5 октомври со Белгија.
септември 19, 2026
