Connect with us

Свет

Фон дер Лајен го поддржа повикот на Зеленски за прекин на огнот во Украина

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска телефонски разговарала со украинскиот претседател Володимир Зеленски за слободата на пловидба во Црното Море и за тековните напори за постигнување мир во Украина.

Разговорот се случил воочи престојната посета на Фон дер Лајен на регионот на Црното Море, се наведува во соопштението објавено на интернет-страницата на Европската комисија.

„Ја повторив мојата поддршка за неговиот повик за прекин на огнот, кој би ги опфатил прехранбената и енергетската инфраструктура. Разговаравме и за тековните мировни напори и преговорите во Абу Даби оваа недела, на кои Европската Унија ќе учествува заедно со нашите партнери“, изјавила фон дер Лајен.

Таа нагласила дека „слободата на пловидба во Црното Море мора да биде обновена и зачувана“.

„Денеска ја започнувам посетата на регионот на Црното Море, каде што безбедносните закани ескалираат, нападите стануваат сè почести, а има и невини жртви. Во Романија и Бугарија ќе се сретнам со лидерите за да разговараме за состојбата на теренот и за тоа како Европа може да го зајакне својот одговор“, изјавила фон дер Лајен.

Ad
Ad