Connect with us

Забава

Во Танзанија пронајдени мртви десет лава за кои се верува дека најверојатно биле отруени

„Во заштитеното подрачје Нгоронгоро во Танзанија пронајдени мртви десет лава“, соопштија надлежните на Танзанија.

Истрагата покажала дека животните најверојатно биле отруени. За случајот е започната сеопфатна истрага, како и потрага по сторителите.

Во Танзанија лавовите понекогаш се убиваат од одмазда поради напади врз добитокот.

Нгоронгоро се наоѓа на листата на УНЕСКО во кое живее етничката група Масаи заедно со своите стада.