Connect with us

Скопје

Настап на Кирил Џајковски по повод 50 години Општина Карпош

Општина Карпош по повод јубилејот – 50 години од основањето на Општината вечер со почеток во 21 часот организира музичка забава со Кирил Џајковски и DJ collective – Sempre.

Настанот ќе се одржи на отворено, пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде посетителите ќе имаат можност да уживаат во препознатливиот музички звук, ритам и енергија на еден од најпознатите македонски музички артисти.

– Со оваа музичка вечер, Општина Карпош продолжува со одбележувањето на петдеценискиот јубилеј, славејќи ги заедништвото, културата и духот на Карпош – велат од Општината. 

Ad
Ad