Фудбал
Дембеле: Кварацхелија ја заслужува Златната топка, тој е најдобриот играч на светот
Фудбалерот на ПСЖ, Усман Дембеле, верува дека неговиот соиграч Квича Кварацхелија ја заслужува Златната топка.
Грузискиот фудбалер претходно изјави дека ќе гласа за Дембеле за наградата.
-Квича го заслужува тоа. Имаше исклучителна сезона. И, според мене, тој е најдобриот играч на светот, изјави Дембеле за сајтот на Лига 1.
Дембеле беше прогласен за најдобар фудбалер во светот за сезоната 2024/25. Тој го победи Шпанецот Ламин Јамал, кој заврши втор, со 321 поен разлика.
Церемонијата за доделување на „Златната топка 2026“ ќе се одржи во Лондон на 26 октомври.
септември 20, 2026
