Фудбал
ПМФЛ: Шкендија им се врати на победите, реми во Кратово
Во двата воведни натпревари од 8. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), тетовска Шкендија го совлада попладнево Башкими со 4-1, додека Силекс и Тиквеш одиграа 0-0.
Лидерот на табелата го пречека Башкими на стадионот во Гостивар и ја прекина серијата од два натпревари без победа со головите на Ндзенгуе (16), Круезиу (45+2), Тамба (71) и Трумчи (87). Почесниот гол за кумановскиот прволигаш го постигна Исмаили (42).
Натпреварот во Кратово донесе поделба на бодовите без постигнат гол со што Силекс ја продолжи серијата без победа на последните пет натпревари, а гостите од Кавадарци на исто толку од последните дуели немаат пораз.
Вардар утре е домаќин на Шкендија Арачиново, додека в понедленик Струга го пречекува Арсими, додека Скопје ѝ гостува на штипска Брегалница.
Табела: Шкендија 19, Струга 14 (-1), Тиквеш 13, Шкендија Арачиново 13 (-1), Вардар 11 (-1), Силекс 9, Арсими 8 (-1), Брегалница 7 (-1), Башкими 4, Скопје 3 (-1).
септември 19, 2026
