Connect with us

Свет

Најмалку 14 загинати во железничка несреќа во Индонезија

Најмалку 14 лица загинаа, а 84 се повредени во судир на два воза во близина на индонезискиот главен град Џакарта, соопшти денесka државната железничка компанија „PT Kereta Api Indonesia“ .

Несреќата се случила доцна синоќа во Бекаси, густо населено место источно од Џакарта, што е дел од поширок метрополитански регион каде јавниот превоз го голема мера се потпира токму врз железничкиот сообраќај. Како што е наведено, до несреќата дошло кога брз меѓуградски воз удрил во задниот дел од регионален воз што стоел во станицата.

Сите 14 жртви се жени што патувале со регионалниот воз додека патниците на меѓуградскиот воз поминале без сериозни повреди. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 3